-->
-->
УЈП предупредува - Ви остануваат уште само пет дена
-->

На 15 март истекува рокот за пријавувањето на годишната даночна пријава.
Годишна даночна пријава се доставува доколку во текот на 2016 година граѓанинот остварил приход по основ на кирија, за склучен авторски договор, за исплатен регрес за годишен одмор (К 15), дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари, продажба на цврст отпад, лични примања од странство, како и доколку лицето е работно ангажирано во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно има лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварува лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет.
Добивките од посебните игри на среќа како казино, автомат клуб или обложувалница остварени во текот на 2016 година, не треба да се пријават во годишната даночна пријава.
Побрзајте и пријавете за да не платите казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
