Убиен терористот од Брисел - Полицијата го застрела додека бил во кафуле

Убиен осомничениот кој вчера го извел терористичкиот напад во Брисел, потврди белгиската полиција. Вооружениот напаѓач во терористички напад со автоматска пушка во Брисел уби двајца шведски навивачи.
Абдесалем Ласуед бил застрелан во кафуле во Шаербек. Ова за белгискиот портал HLN го потврдиле повеќе извори.
Вознемирувачко видео снимено од случајни минувачи, наводно, покажува вооружен маж на мотоцикл како демне луѓе и пука во нив јавно, додека други слики кои кружат на интернет покажуваат тело на едно лице во такси.
Идентификацијата допрва треба да потврди дека станува збор за напаѓачот, во тек се отпечатоци и идентификација. Но, голема е веројатноста дека тој е сторителот, бидејќи таму е пронајдено и оружјето со кое наводно биле извршени нападите, изјави министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден.
„Оружјето со кое наводно биле извршени нападите е пронајдено утрово на местото каде што е пронајден маж во Шербек. Тоа ја зголемува веројатноста дека сторителот е фатен. Сега земаме отпечатоци од прсти за да бидеме 100 отсто сигурни“, се вели во полициското соопштение.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
