-->
-->
Убиен бизнисмен во Бања Лука
-->

Во близина на неговата семејна куќа во Бања Лука, синоќа е убиен сопственикот на компаниите „Сектор Секјурити“ и „Житопродукт“, Славиша Круниќ.
Како што соопшти полицијата на Република Српска, во престрелката што се случила во бањалучката населба Гламочани нешто по 22.30 часот, биле убиени три лица, а едно се здобило со тешки телесни повреди од прострелни рани.
Покрај Круниќ, убиени се и еден негов „придружник“, како и еден од напаѓачите. Според полицијата, повреденото лице, исто така, било „придружник“ на бизнисменот.
Во тек е истрага за настанот.
Медиумите од Бања Лука, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, наведуваат дека станувало збор за „класична заседа“ за Круниќ, по која дошло до престрелка меѓу неговите телохранители и напаѓачите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
