Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири

Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири останува затворен и не е дозволен пристап, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општина Касандра информираа дека од раните утрински часови, воздушните средства повторно започнаа со операциите и продолжуваат со гаснењето, а во Сивири, од безбедносни причини, сè уште не е дозволено враќање на жителите и сопствениците на објекти, додека пак екипите на операторот на дистрибутивна електроенергетска мрежа и на противпожарната служба ги завршуваат неопходните работи и проверки, со цел враќањето во населбата да се изврши безбедно.
– Се молат сите да покажат трпение и одговорност и строго да ги следат упатствата и насоките на надлежните органи. Приоритет останува безбедноста на сите и безбедното враќање на жителите на нивните имоти, соопштија од општината.
Вчера, кусо откако избувна пожарот, порака за евакуација од бројот 112 за итни случаи добија сите оние кои беа во Сивири, што значеше дека треба веднаш да го напуштат местото и да се упатат, првично кон Мола Калива, а потоа во правец кон Скиони.
Оние кои останаа, беа евакуирани по морски пат, вкупно 481 лице, земајќи ги со себе само основните работи.
Дел од нив беа префрлени во марината во Сани, дел во Солун.
Но, сите оние кои го напуштија Сивири, ноќта ја поминаа на различни локации на Халкидики и во Солун, каде што им беше обезбедено привремено сместување, за кое како што вчера објави МИА беше отворена и специјална платформа од Министерството за туризам во соработка со Грчката хотелска комора.
Евакуираните од пожарот добија помош и поддршка и од грчкиот Црвен крст.
Грчката полиција уште од синоќа го блокираше патот до Сивири, а во текот на ноќта патролираше, како што е пракса за време на евакуации и пожари, за да спречи евентуални кражби.
Сивири е мало приморско место, со нешто помалку од 300 жители, но во текот на летото ова бројка значително се зголемува, со оглед на тоа што е популарна дестинација за македонски, српски туристи, како и посетители пошироко од Балканот, но и многу Грци имаат викендички.
МИА
Ново на Сител
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
-

Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
-

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син
