Турција побара итен состанок на ОИЦ за инцидентите во Појасот Газа

Турција синоќа побара итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) поради настаните во Појасот Газа, каде израелските сили убија 58 Палестинци.
Портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг изјави дека Анкара сака состанокот да се одржи в петок.
Претходно, Арапска лига (АЛ) соопшти дека в среда ќе одржи вонреден состанок за „нелегалното“ дислоцирање на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и за насилствата во Појасот Газа.
Состанокот ќе биде на ниво на постојаните претставници за АЛ „да се спротистави на нелегалната одлука на САД да ја преместат својата Амбасада во Ерусалим“.
Генералниот секретар на АЛ, Ахмед Абул-Геит изјави дека смртта на повеќе десетици Палестинци, што се поврзува со преместувањето на Американската амбасада треба да биде предупредување за сите кои планираат да повлечат сличен потег.
Геит одлуката на САД за дислоцирање на Амбасадата во Ерусалим ја нарече „очигледно кршење на меѓународното право“.
Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи состанок за инцидентите во Појасот Газа. Одржувањето на седница синоќа побара Кувајт, додека претставникот на Палестинците во ОН побара од СБ да го осуди убивањето на Палестинците. Од друга страна израелскиот претставник во ОН побара од СБ да го осуди Хамас, кој ги предводеше протестите поради отворањето на новата Амбасада на САД во Ерусалим.
Најмалку 58 Палестинци загинаа, а над 2.700 се повредени при денешниот протест на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради отворање на Амбасада на САД во Ерусалим. Меѓу загинатите има и шест деца помлади од 18 години.
Ново на Сител
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
