Турција испрати уште шест тенкови во северна Сирија

Турција денеска испрати уште шест тенкови во Сирија како засилување на силите на Анкара, кои работат на деминирање на градот, опколен од „Исламска држава", пренесува БТА.
Турската армија во средата ја започна операцијата „Еуфратски штит" во Сирија, за да ги потисне силите на ИД од сириско-турската граница и да престане напредувањето на курдските сили, кои Анкара смета за непријатели.
Турските медиуми објавија дека армијата испратила 50 тенкови и 380 војници на територијата на Сирија за операцијата која започна пред три дена.
Турските сили се поддржани од сириските бунтовници.
Анадолија соопшти дека бунтовниците започнале расчистување на градот од експлозивни направи, оставени од Исламска држава.
Турските власти соопштија дека нивната воена операција во северна Сирија ќе продолжи се додека борците на курдската милиција Сили за заштита на народот (СЗН) не се вратат на исток од реката Еуфрат.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
