-->
-->
Тропскиот циклон Нора ја погоди северна Австралија
-->

Тропскиот циклон од трета категорија Нора денеска ги погоди северните делови на Австралија, донесувајќи силен ветер и поројни дождови.
Од невремето најтешко е погоден западниот брег на австралиската сојузна држава Квинсленд, каде без електрична енергија остнаа над 230 домаќинства.
Засега нема информации за жртви при налетот на циклонот.
Метеоролозите предвидува дека по пристигнувањето на копното Нора ќе прерасне во невреме од четврта категорија, но движејќи се низ северните делови на Квинсленд циклонот почна да слабее.
Во моментов во жариштето на циклонот дуваат ветрови со брзина од 110 километри, но според метеорилозите, со движењето кон југ, Нора ќе ослабне на невреме од втора категорија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
