-->
-->
Триумф на Ѓорческа за полуфинале
-->

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во францускиот град Денен, откако денеска во првиот четвртфинален меч со само четири загубени гема ја победи Чихиро Марамацу од Јапонија. Резултатот по гемови беше: 6:3 и 6:1 за нашата тенисерка.
Единствената неизвесност во мечот беше по водството на Ѓорческа од 4:1 во гемови во првиот сет и противничката намали на 4:3 и имаше водство од 30:0 на свој сервис. Но, нашата тенисерка направи две серии од по четири гема и го доби мечот на убедлив начин.
Ѓорческа која е прва носителка на турнирот (награден фонд 25.000 долари) утре во полуфиналето ќе игра против победничката од дуелот на француските тенисерки: Менон Арканжоли и Одре Алби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
