Тренинг курс „Згради со енергија близу нула“

Нa Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска почна тренинг курс „Згради со енергија близу до нула“ кој е дел од проектот „Форум за енергетски професионални вештини“, финансиран од Европската унија преку програмата „Хоризонт 2020“. Курсот е наменет за околу 120 дипломирани електротехнички, машински и градежни инженери и архитекти од Македонија.
Раководителот, професор Властимир Гламочанин, изјави дека проектот произлегува од европската директива која предвидува до 2018 година сите државни згради во земјите на Европската унија да бидат згради со енергија близу до нула (НЗЕБ - Nearly Zero Energy Buildings), односно до 2020 година сите згради да се градат согласно овој стандард.
Според него, во Македонија се градат згради со енергетска ефикасност, но стандардот НЗЕБ е највисокото ниво и, според проценките, осум години е доволен период за поврат на инвестицијата од ваква зграда. Згради со стандардот НЗЕБ веќе се изградени во многу европски земји, како и во соседните Бугарија и Грција.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
-

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
-

Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови
-

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
-

Трамп: ФИФА ќе направи ужасна грешка ако го замени Инфантино
-

Расчистено разбојништво во обид во Скопје, приведени двајца малолетници
