Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека судирот меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион на компанијата „Американ ерлајнс“ можел и требало да се спречи.
“Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот. Беше ЈАСНА НОЌ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре или надолу, или се сврти, зошто Контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави, наместо да го праша дали го виделе авионот. Ова е лоша ситуација што требаше да се спречи„, напиша американскиот претседател на социјална мрежа „Truth Social“.
„Каква страшна ноќ беше ова. Господ да ве благослови сите“, напиша Трамп во втората објава за несреќата.
Да потсетиме, во американските медиуми се појавија детали за последните моменти пред судирот. Асошиетед прес пишува дека еден од контролорите на летот, на помалку од 30 секунди пред падот, го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.
Ново на Сител
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
