Трамп уште во 1999 година ја истакнал можноста за превентивен напад врз Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е за превентивен напад врз Северна Кореја како можна варијанта, уште во 1999 година во интервју за Си-Ен-Ен.
Архивска снимка е поставена на Јутјуб. Запрашан дали би извршил напад врз Северна Кореја доколку би бил претседател на САД, Трамп во тоа време само бизнисмен, одговорил: „Прво би преговарал. Ќе преговарам како луд. И ќе направам така да ние ја добиеме најдобрата зделка, изјави Трамп.
Во исто време тој потенцира дека ако преговорите пропаднат „би било подобро проблемот да биде решен сега , а не подоцна“.
- Велам дека треба да направиме нешто сега за да ја запреме Северна Кореја. Да не сакате да го направиме тоа за пет години кога ќе имаат насекаде нуклеарни боеви глави и секоја насочена кон Њујорк, Вашингтон и секој од нас? Сакате тоа тогаш да го направиме или сакате да направиме нешто сега? , прашува Трамп.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
