Трамп: Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад

Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
-Министерството за внатрешна безбедност вели дека напаѓачот пристигнал во САД од Авганистан во 2021 година, рече шефот на државата. „САД треба повторно да ги проверат сите странци кои влегле во САД од Авганистан за време на поранешниот претседател Џо Бајден“, нагласи Трамп.
Претседателот рече дека наредил распоредување на уште 500 војници на Националната гарда во Вашингтон.
Двајцата војници на Националната гарда на САД кои беа застрелани вчера во близина на Белата куќа се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција.
-Тоа што го знаеме е дека истрелите биле насочени. Се чини дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено, изјави градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер, на истата прес-конференција.
Претходно, гувернерот на Западна Вирџинија, од каде што се жртвите, изјави на Твитер дека тие починале од раните. Подоцна рече дека има „конфликтни информации“ за нивната здравствена состојба.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
