Трамп пристигнува во дводневна посета на Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигнува денеска во дводневна посета на Брисел, каде ќе се сретне со претставници на НАТО и на Европската унија, како и со претставици на белгиските власти. Се очекува тој во Брисел да остане околу 27 часа.
Претседателот на САД се очекува да слета во Брисел денеска претпладне, при што најпрво ќе се сретне со кралот на Белгија Филип, а предвиден е и разговор со белгискиот премиер Шарл Мишел.
Трамп утре попладне ќе биде примен од претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Донлад Туск и Жан Клод Јункер.
Програмата предвидува Трамп да се состане и со новиот француски претседател Еманел Макрон во Брисел на место, кое засега останува непознато.
Трамп утре попладне ќе учестува на состанок со државни и владини шефови на земјите од НАТО во новото седиште на Алијансата, а утре вечер ќе отпатува за Сицилија.
И додека светските државници ќе разговараат за актуелните меѓународни прашања, нивните сопруги имаат своја сооствена програма.
Меланија Трамп и Брижит Макрон, како и другите сопруги на лидерите од НАТО се поканети да ги посетат музејот на белгискиот суреалист Рене Магрит, најстарата работилница во светот за кожни изработки и градините на кралскиот дворец во Лакен.
Утре тие ќе имаат ручек со кралицата Бригита Матилда. Меланија Трамп е предвидено да ја посети универзитетската детска болница „Кралица Фабиола“ во Брисел.
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
