Трамп му се извини на Кавано од име на нацијата

Новоизбраниот судија во Врховниот суд на САД, Брет Кавано синоќа положи свечена заклетва на церемонија во Белата куќа, при што американскиот претседател Доналд Трамп одново упати критики кон оние кои се противеа на неговиот избор на функцијата.
Трамп оцени дека кампањата водена против Кавано била насочена кон „негово лично уништување“ и „базирана на измами“.
- Од име на нашата нација сакам да се извинам на Брет и на целото семејство Кавано за ужасната болка и страдање, што бевте принудени да ја трпите. Вие, господине, сте прогласен за невин по историски тест, рече Трамп, осврнувајќи се на тешката политичка борба околу неговата номинација, откако судијата беше обвинет за сексуален напад.
Кавано официјално стана член на Врховниот суд на САД во саботата.
Тој истакна дека борбата околу неговата номинација не го променила и дека не е злопамтило. Врховниот суд „не е поддржувач на политичките институции“, рече Кавано и додаде дека сега тој ќе се фокусира на должностите како судија.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
