-->
-->
Трајковски предводник на Куманово во победата над Карпош Соколи
-->

Македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски со својот дабл-дабл учинок ја предводеше екипата на Куманово до победа над Карпош Соколи во дерби дуелот ос 24.коло на Првата мекедонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна вечерва во Куманово, Куманово победи со 94-88, а Трајковски покрај 26 поени имаше и 11 скокови.
По 13 поени постигнаа Караџовски, Симоновски и Мандиќ, а Костовски реализира еден помалку (12).
Kај поразената екипа најефикасен беше Дарко Соколов со 18 поени, додека по 14 придодадоа: Казарновски, Шнер и Кнежевиќ.
Во вториот натпревар одигран во Гевгелија екипата на Кожув очекувано и убедливо ја совлада Струмица со 87-57 со што гевгелиската екипа го обезбеди своето учество во разигрувањето, осносно плејофот.
На натпреварите одиграни вчера, МЗТ Скопје Аеродром го доби дербито против Рантнички со 81-71, додека Фени Индустри забележа очекувана победа на гостувањето во Гевгелија над Бест со 81-63.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 22-2 (победи-порази), Карпош Соколи 17-7, Фени Индустри 16-8, Куманово 16-8, Работнички 10-14, Кожув 10-13, Струмица со 4-19, Бест 0-24.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
