Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации

Крајот на месец мај го означува почетокот на новото поглавје во актуелната кошаркарска сезона – младинската репрезентативна кошарка. Согласно со тоа, дефинирани се и стручните штабови на повеќе наши младински национални селекции кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена.
Македонската кошарка ќе има свои претставници на четири младински Европски првенства во машка и женска конкуренција. Покрај сениорската репрезентација, настапи на европските шампионати ги очекуваат селекциите „Под 20“, „Под 18“ и „Под 16“ години во машка конкуренција, како и женската репрезентација „Под 18“ години. Воедно, и двете наши селекции „Под 14“ години продолжуваат со активностите во рамки на развојниот проект на ФИБА за млади и талентирани кошаркари.
Никола Велев е назначен за селектор на машката репрезентација „Под 20“ години. Актуелниот асистент-тренер во нашиот сениорски национален тим, и на романскиот ЦСУ Тарговиште, ќе го предводи нашиот младински национален тим на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Братислава, во периодот од 10 до 19 јули.
За селектор на машката јуниорска репрезентација „Под 18“ години е именуван Миодраг Тодоровиќ, прв тренер на македонскиот вицешампион- – Маџари. Нашите јуниори ќе настапат на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 24 јули до 2 август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и Опатија.
Дејан Стојановски е избран за селектор на машката репрезентација „Под 16“ години. Стојановски е тренер во младинските категории на германскиот прволигаш Олденбург, а ова лето ќе ја предводи селекцијата која ќе биде домаќин на Европското првенство од Дивизијата „Б“, што ќе се одржи во Скопје и Гевгелија, од 6 до 15 август.
Женската јуниорска репрезентација „Под 18“ години ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 31 јули до 9 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа. Довербата да го предводи овој национален состав ја доби Виктор Петровски, тренерот на актуелниот шампион во женска сениорска конкуренција, Крива Паланка.
Мартин Атанасовски, кој е асистент-тренер во екипата на МКК Куманово, ќе биде носител на тренерските активности со машката селекција „Под 14“ години, додека Никола Петровски, тренер во КК Петровски од Битола, ќе ја предводи женската репрезентација „Под 14“ години, кои продолжуваат со своите активности во рамки на развојниот проект на ФИБА.
Ново на Сител
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
