-->
-->
Трагедија:Се самоуби српскиот ракометен репрезентaтивец Бошковиќ
-->
Ракометниот репрезентативец на Србија, Новак Бошковиќ (29), извршил самоубиство во својот дом, пишува српски „Блиц“.Бошковиќ, кој настапуваше за Србија на Европското првенство во 2016 година, а последен пат играше за романски Динамо Букурешт, си пукал во главата со пиштол кој го поседувал легално, гласат неофицијалните информации од Србија.
Мотивот за самоубиство засега не е познат, а кога тој го направил тоа, во станот била присутна неговата сопруга. Десниот бек сезоната 2017/18 ја мина во Романија, а претходно настапуваше во Израел, Унгарија и Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
