Традиционална семакедонска и погранична средба на Македонците во битолско Трново

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, денеска во црквата „Успение на Пресвета Борогородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на македонците од државата и светот.
Според програмата која ќе почне во 10:30 часот, на средбата ќе се обратат претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола Александар Јаневски, архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец, Пале Колефски, пратеникот во Собанието на Република Албанија, Васил Стерјовски и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.
Традиционалниот настан го организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.
Во културно-уметничка програма ќе учествуваат членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола и македонски естрадни уметници.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
