Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Северна Македонија во 2001 година.
Турнирот, како што информираат од МВР, е во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.
Покрај Спасовски, на турнирот ќе се обратат и државниот секретар при Министерството за одбрана, Владимир Анчев, како и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ Владо Стојановски.
На меморијалниот турнир ќе учествуваат 13 екипи составени од припадници на Армијата, на полицијата, семејствата на загинатите бранители и Агенцијата за млади и спорт.
Ново на Сител
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
