Традиционален божикен ручек за 500 деца во Прилеп

Традиционален божикен ручек за околу 500 деца, в сабота во хотелот „Кристал палас“ во Прилеп, ќе организира Детската амбасада за сите деца во светот.
Божикниот ручек, како што објасни Александра Северкоска Стојаноска, извршен директор на Детската амбасада, ќе се одржи по 11 пат.
На Божик од 12 часот во хотелот „Кристал палас“ во Прилеп 500 деца од цела Македонија ќе се дружат на свечен божикен ручек и ќе го слават Хриството раѓање. На заедничката трпеза ќе седнат деца без родители, децата на загинатите бранители, деца со посебни потреби како и деца, членови на детската амбасада.
- Децата се од Прилеп, Скопје, Ресен, Тетово, Битола, Струмица и од други градови. Според мотото „Едно небо за сите деца“, на Божикниот ручек се поканети и деца од другите верски заедници од исламската, од католичката, од евресјаката и од евангелско-методистичката верска заедница, рече Северкоска Стојаноски.
Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на децаата ќе им додели новогодишни пакетчиња.
Годинава по осми пат Детската амбасада за сите деца во светот го доделува престижното признание за општествена одговорност - Орден за носител на мирот, а заедничкиот празничен ручек за децата ќе биде збогатен со програма.
- Признанието „Орден за носител на мирот“ годинава го доделуваме на „ЕЛЕМ“-Скопје. За збогатување на свеченоста, ќе се погрижат членовите на Академијата за естрадно пеење „Ѕвездички“ од Прилеп, македонскиот претставник во „пинковите ѕвездички“, Мина Блажев, учесничката на детската Евровизија Магдалена Алексовска, како и ѕвездичките Сара Гигова и Љупка Арсовска. За весела забава ќе се погрижат и македонскиот идол Христијан Тодоровски и Ален Хасановиќ, рече Северкоска Стојаноски.
Плакета за пријател на децата, Детската амбасада ќе додели на „Алкалоид“ од Скопје, хотелот „Инекс Горица“ од Охрид и на Христијан Тодоровски.
Ново на Сител
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
