Тошковски на увид во градбата на новата Полициска станица во Аеродром

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, денеска, извршиле увид во градбата на новата Полициска станица од општа надлежност Аеродром, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму посочуваат дека изградбата на станицата е во планираната динамика и граѓаните на Општина Аеродром во планираниот рок ќе добијат нова и модерна полициска станица.
– На предлог на градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески во Полициската станица да предвидиме простории за управни служби, дадов уверување дека ќе направиме сериозни напори тоа да биде остварено, за граѓаните да не мора да одат во МТВ за некоја од услугите на управните служби, како вадење на лични документи, возачки дозволи и други услуги важни за нив. Зголемувањето на брзината, квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат управните служби е еден од приоритетите на ова раководство на МВР, бидејќи граѓаните секогаш треба навремено и квалитетно да ја добиваат услугата од својата држава која постои за нив, потенцирал Тошковски.
Во соопштението се наведува дека градбата на новата Полициска станица е започната минатата година во јули, со план за завршување за 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори, изведувач и надзор.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
