Тодоров: Стипендии за студенти од семејства со примања под просечните

Носителот на листата во Втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Никола Тодоров, денеска најави проект со кој ќе се овозможат стипендии за магистерски и докторски студии за студентите коишто завршиле со просек 8,5 или над 8,5, а коишто се од семејства што имаат примања под просечните.
- Бодувањето за критериумите како ќе се избираат овие студенти на кои што ќе им се даде стипендијата во најголема мера ќе зависат од нивната материјална положба, но и од видот на студиите. Техничките науки и медицинските науки ќе бидат привилегирани и ќе носат одреден број на бодови, а 60 бода ќе носи материјалната положба на студентите, рече Тодоров.
Посочи дека докторските студии понекогаш чинат и до 5.000 евра, а магистерските студии исто така одредена сума којашто не можат да си ја дозволат некои од студентите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
