Македонија
15. јуни 2026 - 19:41

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот

Пациент ја губи битката за живот. Лекарите прогласуваат мозочна смрт.

Во моментите на најголема тага и болка, семејството одлучува органите да бидат донирани...неколку болни добиваат втора шанса за живот. Ова е главната суштина на органодонорството кое е најголемата вредност за човештвото.

Во нашата земја треба подигнување на свесноста за донирањето на органи после смртта а тоа ќе биде олеснето и со законските измени кои деновиве треба да се најдат на владина седница. Секој кај матичниот лекар ќе се изјасни дали сака после смртта неговите органи да бидат донирани.

Околу 200 пациенти во моментот живеат со секојдевната мисла и исчекување – кога ќе им се јават од клиника дека има орган. Најголема е листата за чекање на бубрези од кадавер – 150 лица и триесетина чекаат ново срце.

Кога законските измени ќе стапат на сила министерот за здравство најави дека ќе биде првиот што ќе се регистрира како органодарител. На денешната трибина за органодонорство беа најголемите авторитети во државата – од верските лидери до премиерот на Владата.

Со трибините и законските измени надлежните очекуваат да изградиме општество каде ќе знаеме колку е голема вредноста со една одлука која може да спаси неколку човечки животи.