Тинејџери ја снимија смртта на пријателот: Се надувал со гас, тие не забележале додека не било предоцна

Ова е ужасниот момент кога група тинејџери несвесно го снимила својот пријател додека умирал на подот откако вдишал течност од запалка за да се надува.
Се слуша како тинејџерите се смеат додека го снимаат пријателот, кој е идентификуван како 17-годипниот Михаил Лукојанов.
Во еден момент пријателите се шегуваат дека умира, но не ја сфаќаат тежината на ситуацијата додека не биде предоцна.
Според рускиот новински сајт Газета, полицијата ја истражува смртта на 17-годипниот ученик во Волосов, северозападна Русија на 20 октомври, но нема директни знаци на насилство.
Пријателите на момчето рекле во полиција дека се чувствуал лошо и паднал во несвест по вдишувањето од аеросолна конзерва.
На снимките се слуша смеење на девојка која вели? „Што е тоа? Можете ли да умрете на некое друго место, а не во мојот блок“ Ме интересира дали и вам ви е смешно?“
На друго место може да се слушне дете кое тврди дека на несреќното момче крвта од носот му ја избоила јакната.
Но дури кога 17-годишникот престанал да дише повикале итна помош, која стигнала по 20 минути.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
