Тешко повреден пешак, 30 сообраќајки во изминатите четири дена во Скопје

Пешак е тешко повреден, а со полесни повреди се здобиле 33 лица во 30 сообраќајки евидентирани во изминатите четири дена на подрачјето на Скопје.
Во петокот се случиле седум сообраќајки, пет со материјална штета, а во две полесно се повредени две лица. Од десетте сообраќајни незгоди регистрирани во саботата, во една е тешко повреден пешак, во четири со полесни повреди се здобиле осум лица, а во останатите е причинета само материјална штета.
Во неделата имало шест сообраќајки, при што во четири полесно се повредени 16 лица. Седум лица, пак, полесно се повредени во пет од седумте регистрирани сообраќајки во текот на изминатите 24 часа.
Сообраќајната полиција санкционирала 39 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 11 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, седум поминале на црвено светло на семафор, шест не ги почитувале правилата за престигнување, 11 зборувале на мобилен при возење, 82 биле со помината важност на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 38 возачи со непрописно паркирани возила.Со специјално возило се отстранети 42 непрописно паркирани возила.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
