Македонија
5. September 2019 - 21:21

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во струмичко

Патниот правец кон ГП Ново Село – Струмица од вечерва од 20:45 часот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

Според нивното известување, прекинот е поради случена сообраќајна незгода на овој патен правец.

Засега нема повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Полицискиот увид е во тек.