Терористички напад врз џамија во Кабул, загинаа неколку лица
Неколку цивили загинаа денеска во бомбашки напад на влез во џамија во Кабул, изјави портпаролот на талибанците.
Цел на бомбашкиот напад била џамијата во која се одржувала комеморација за мајката на портпаролот на талибанците Забинула Муџахедин.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, меѓутоа, откако талибанците го презедоа власта во Авганистан, кон средината на август, зголемени се терористичките напади од страна на таканаречената Исламска држава.
Зголемувањето на бројот на нападите, истовремено, ја зголеми и можноста за поширок конфликт меѓу двете екстремистички групи.
Исламска држава го задржа присуството во источната провинција Нангархар и ги смета талибанците за непријатели.
Оваа група досега ја презеде одговорноста за неколкуте напади врз талибанците, вклучувајќи и ги убиствата во главниот град на провинцијата Џалалабад, додека нападите во Кабул досега беа ретки.
Ново на Сител
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
