Терористички напад врз џамија во Кабул, загинаа неколку лица
Неколку цивили загинаа денеска во бомбашки напад на влез во џамија во Кабул, изјави портпаролот на талибанците.
Цел на бомбашкиот напад била џамијата во која се одржувала комеморација за мајката на портпаролот на талибанците Забинула Муџахедин.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, меѓутоа, откако талибанците го презедоа власта во Авганистан, кон средината на август, зголемени се терористичките напади од страна на таканаречената Исламска држава.
Зголемувањето на бројот на нападите, истовремено, ја зголеми и можноста за поширок конфликт меѓу двете екстремистички групи.
Исламска држава го задржа присуството во источната провинција Нангархар и ги смета талибанците за непријатели.
Оваа група досега ја презеде одговорноста за неколкуте напади врз талибанците, вклучувајќи и ги убиствата во главниот град на провинцијата Џалалабад, додека нападите во Кабул досега беа ретки.
Ново на Сител
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
-

Во Техеран почна погребната поворка во чест на Али Хамнеи
-

Во Турција приведени повеќе од 100 анти-НАТО демонстранти
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
