Тереза Меј ги повика лидерите на ЕУ да ги придвижат преговорите за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј ги повика лидерите од Европската унија да понудат динамика која ќе овозможи постигнување на напредок во преговорите за Брегзит.
Неколку часа пред ЕУ да одлучи дека во преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата не е постигнат доволен напредок за пристапување кон разгледување на идните односи меѓу Брисел и Лондон, Меј ги повика лидерите да дадат сигнал дека разговорите ќе се придвижат напред.
- Би требало да сме оптимисти и амбициозни за она што можеме да го постигнеме, бидејќи делиме исти основни ставови за слободната трговија, строгата и фер конкуренција, силните кориснички права и високите регулаторни стандарди, изјави таа пред лидерите на вечерата во Брисел.
- Исто така, сакам да бидам многу јасна дека Велика Британија е безусловно посветена на одржување на безбедноста на Европа, рече Мај.
Лидерите на ЕУ навестија дека денеска, на состанокот на кој нема да биде Меј, да одлучат дека не е направен доволен напредок по прашањето за разделба со ЕУ, по што ќе се прејде на прашањето за идните односи и транзиција.
Се очекува лидерите на ЕУ да му го постават декември како рок на Лондон да понуди подобри услови за разделба со Унијата.
Ново на Сител
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
