Талевски: Земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица да не го кочат напредокот
Земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите и секојдневно работи на исполнувањето на европските стандарди, што е нотирано и во овој Извештај на Европската комисија, истакна денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски.
-И покрај опструкциите на опозицијата, нашата татковина продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Имаме прогрес во 81 отсто од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90 осто сме со соодветно ниво на подготвеност. Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година, нема мешање во судската власт, нема уназадување, рече Талевски.
Тој нагласи дека Извештајот на Европската комисија потврдил дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата.
-Поразително за пратениците од ДПМНЕ во Извештајот стои, цитирам: „Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок“ (страна 10 од Извештајот). Ние, пратениците од СДСМ и коалицијата на ова укажувавме и баравме ДПМНЕ и Левица да не го кочат напредокот на земјата, да не ги кочат реформите, да не го кочат европскиот пат. Сега тоа го бара и самата Европска Унија, рече Талевски.
Потенцира дека со вчерашниот објавен пакет за проширување на ЕУ и План за раст на економиите на Западен Балкан, Северна Македонија добива 1 милијарда евра.
-Значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега. Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени. Но не само заради ЕУ, блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите наши граѓани и заради иднината на земјата, рече пратеникот Талевски.
Ново на Сител
-

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
-

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
-

Од утре повторно дожд, стабилизација на времето од петок
-

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
