„Тајмс“: Трамп ќе ја остави Европа сама да се брани од Русија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја менува позицијата на САД кон Европа кога станува збор за одбраната, оставајќи им на своите европски сојузници сами да се бранат од Русија, пишува лондонски „Тајмс“.
Весникот не објаснува како тоа би изгледало, ниту дали таквата определба би била на приоритетната листа потези на новата американска администрација, освен што потсетува на неколкупати изречената критика за сметка на изгледот и функционирањто на НАТО.
Трамп во текот на долгата предизборна кампања ги предупредуваше американските сојузници дека ќе треба да платат за САД да ги бранат, како и на тоа дека во рамки на својот нов изолационизам ќе ги повлече американските војници за САД да ги брани „од внатре“.
Според „Тајмс“, Трамп веројатно ќе ги натера сојузниците, вклучувајќи ги и оние во Европа, да го „одврзат кесето“ за својата безбедност и одбрана, низ системот на НАТО.
Предупредувањата за можни радикални потези на Трамп во однос на сојузниците, доаѓа во време кога ЕУ се подготвува за нова безбедносна стратегија, со создавање „сопствена одбрана“.
Официјален Лондон остро се спротивстави на таквата идеја, инсистирајќи дека нема потреба од европски одбранбени сили, покрај оние во рамки на НАТО.
Британскиот став е дека тоа ќе значи дуплирање на Алијансата, затоа што во неа се најголемиот број земји членки на ЕУ и со тоа има закана од гасење на НАТО.
Британската Влада инсистира на подршката и јакнењето на НАТО особено, откако се определи за напуштање на ЕУ, по референдумот од 23 јуни.
Надвор од Унијата, Велика Британија ќе остане практично изолирана од главните случувања во политиката во рамки на ЕУ, а тоа значи и на европскиот континент, па затоа се инсистира на НАТО, каде Британците единствено можат да зборуваат за европските состојби.
Во еден евентуално нов систем на европска одбрана, или во создавањето европски сили ќе може да партиципираат само земјите членки на ЕУ.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
