Тачи: Не се плашам од Специјалниот суд

Неодамна избраниот косовски претседател Хашим Тачи тврди дека не се плаши од Специјалниот суд за воени злосторства извршени на Косово, истакнувајќи дека тој и поранепната ОВК ги кршеле само „дискриминирачките закони на Слободан Милошевиќ“, јави Танјуг.
Во интервју за виенските „Стандард“ и „Пресе“, тој вели дека со воспоставување на Судот, Косово покажало дека ги почитува своите меѓународни обврски.
- Целиот процес за формирање на тој Суд е инициран од мене... нема што да кријам и го поддржувам во целост Судот, изјави Тачи.
Тој негира дека е вмешан во трговија со човечки органи.
- Немаме што да криеме и поради тоа косовското Собрание усвои основање на Сспецијален суд. Тоа и лично го поддржав бидејќи гледам предност за Косово. Со тоа конечно би се решиле од таквите обвинувања, објаснува тој.
Во интервјуто Тачи додава дека „ОВК не прекршила меѓународни правила, туку закони на Слободан Милошевиќ и заради тоа е горд“.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
