СЗО повика 20 светски лидери да ја прекинат нерамноправноста во вакцинацијата
Светската здравствена организација (СЗО) вчера повика дваесет лидери, кои се способни да ја исправат „срамната“ глобална нерамнотежа во достапноста на вакцините против Ковид-19, да се анагажираат до октомври да го прекинат овој тренд.
-Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата, изјави Брус Ајлвард од СЗО во директен контакт на социјалните медиуми на СЗО.
“Тие ги водат големите компании кои се грижат за тоа, тие ги водат земјите што купуваат поголем дел од вакцината во светот и тие ги водат земјите што ја произведуваат. Очекуваме тие дваесет луѓе да кажат: „Ќе го решиме овој проблем до крајот на септември.Ќе се обидеме да добиеме 10 проценти (население) вакцинирани во секоја земја“, додаде Ајлвард.
Ајлвард, прв човек на СЗО за пристапот до средства за борба против пандемијата, оцени дека светот мора да чувствува „гадење“ поради таквата ситуација.
СЗО е се повеќе разочарана од овој „морален скандал“, како што го нарече, бидејќи богатите земји ги искористија залихите на вакцини, а земјите во развој едвај ги вакцинираат своите најранливи категории жители.
Француските медиуми наведуваат дека низ целиот свет веќе се употребени речиси 4,5 милијарди дози од вакцината.
Во земјите со високи примања, има 104 дози на сто луѓе. Во 29 земји со најниски примања, доаѓаат само две дози на сто луѓе.
-Сите заедно треба да се срамиме, кажа Ајлвард.
СЗО сака секоја земја во светот до крајот на септември да вакцинира најмалку 10 проценти од своето население, до крајот на годината најмалку 40 проценти и 70 проценти до средината на 2022 година.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
