СВР Битола со посебен сообраќаен режим за празнувањето на Илинден
По повод националниот празник „Илинден“, а со цел обезбедување безбедно и нормално одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај на регионалниот пат Прилеп – Крушево – Демир Хисар, на подрачјето на градот Крушево и на потегот од месноста „Порта“ кон Мечкин Камен, СВР Битола на 1 и на 2 август ќе воведе посебен режим на сообраќајот.
Како што стои во соопштението на СВР Битола, на 1 август, во периодот од 16 до 24 часот, во Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај. Таков режим ќе има и на 2 август во периодот од 5 до 17 часот.
-Поради обезбедување на безбеден и проточен сообраќај на потегот од месноста „Порта“ до Мечкин Камен, моторните возила со кои се врши групен и организиран превоз на патници на 2 август, е потребно да пристигнат до 10:30 часот на паркингот предвиден за нивно паркирање на месноста „Црн врв“. Слегувањето на патниците од автобусите да биде на местото каде ќе биде паркирано превозното средство, стои во соопштението на СВР Битола.
СВР Битола соопштува и како ќе биде натамошниот сообраќаен режим, особено за земјоделската механизација и за запрежни и товарни возила.
-Ќе се воведи забрана и ограничување за движење на трактори, земјоделски машини, запрежни коли и тешки товарни возила на регионалниот пат Прилеп – Крушево – Демир Хисар, и тоа: на 1 август во периодот од 16 до 24 часот, а на 2 август во периодот од 5 до 17 часот, соопштуваат од СВР Битола за сообраќајниот режим на 1 и на 2 август за време на празнувањето на Илинден.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден

