Светските лидери во Минхен на годишната безбедносна конференција

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска официјално ќе ја отвори 60-та Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да учествуваат околу 50 светски лидери.
Како што јави ДПА, главните теми на агендата на безбедносната конференција се тековните конфликти во Украина и во Појасот Газа.
Американската потпретседателка Камала Харис се очекува да се обрати на тридневната конференција на денот на отворањето.
Утре се очекува да зборуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На конференцијата ќе присуствуваат и израелскиот претседател Исак Херцог и министерот за надворешни работи Израел Кац, заедно со високи претставници од палестинската управа, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Јордан.
Клучно прашање што се очекува да се разговара на маргините е исходот од изборите на 5 ноември во САД и што ќе се случи доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп биде реизбран.
Во делегацијата од конгресот на САД се повеќе од 30 претставници меѓу кои и членови на Републиканската партија на Трамп.
Руските и иранските власти не се поканети на овогодишната Минхенска безбедносна конференција.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
