Супер Марио го полуде светот, преземањето руши рекорди
Првата голема видео-игра на „Нинтендо“ за паметни телефони веќе ги надмина сите очекувања и се покажа како востински хит. Иако е достапна само четири дена на оперативниот систем „iOS“, играта „Супер Марио ран“ е преземена 40 милион пати што е нов рекорд.
Креаторот на видео играта Шигер Мијамото открива дека е пресреќен бидејќи новиот Супер Марио е достапен за голем број луѓе ширум светот, додавајќи дека очекува бројот на оние кои ќе ја купат играта да расте.
Со оглед на податокот дека само трвите три нивоа се бесплатни, заработката на „Нинтендо“ се уште е тешко да се процени. Бројката од 40 милиони ги претставува сите преземања, но не сите корисници го имаат платено целиот износ за играта која чини 9,99 долари.
Верзијата за Андроид се очекува идната година.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
