Суецкиот Канал и понатаму блокиран
Товарниот брод „Евергрин” петти ден по ред го блокира Суецкиот Канал, а египетските власти планираат нови акции за деблокирање.
Бродот се уште е во иста позиција. За денеска се планирани најмалку два обида за ослободување на насуканиот брод, но кога ќе се намали плимата. Исто така предвидено е и испумпување на вода од внатрешноста на бродот.
На медиумите им е забранет пристап до местото на насукување.
Бродот „Евергрин” долг 400 метри и тежок повеќе од 219.000 тони, пловел под знамето на Панама кон Ротердам, а во сопственост на јапонска компанија. Бродот се насука во вторникот под налет на ветар додека минувал низ јужниот влез на Суецки Канал.
Повеќе од 150 бродови не можат да продолжат да пловат низ каналот, што создава огромни загуби.
Суецкиот Канал, кој ја дели континентална Африка од Синајскиот Полуостров е долг околу 193 километри и ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море. Вештачкиот канал е најкратката врска помеѓу Азија и Европа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
