Судот ја отфрли тужбата од бегалец кој се сликаше со Меркел против Фејсбук

Судот во германскиот град Вурцбург во покраината Баварија денеска ја отфрли тужбата поднесена до социјалната мрежа Фејсбук, којашто според него ги прекршила неговите основни човекови права со објавување на негови фотографии поврзани со случаи на тероризам, јавуваат германските медиуми.
Сирискиот бегалец Анас Модамани од Фејсбук бараше да ги најде и избрише сите објави на оваа социјална мрежа на која што неговата слика на која тој е сликан во германската канцеларка Ангела Меркел е користена во текстови поврзани со терористички акти. Модамани е еден од неколкуте сириски бегалци со кои канцеларката Меркел се сликаше при нивниот влез во земјата во септември 2015 година, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Модамани од судот бараше германските власти да му наложат на Фејсбук да ги тргне сите негови слики на мрежата, но судот во Вурзбург утврдил дека компанијата директно не сторила никаква навреда или клевета поврзана со Модамани и затоа не може да наложи бришење на постови кои што се поставени од други лица или организации ниту поради тоа може да наложи блокада на работата на социјалната мрежа.
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
