Македонија
23. September 2015 - 13:46

Струмичанец снимил секс со девојката, а потоа ja уценувал

Жител на струмичкото село Владевци снимал видео додека имал секс со партнерката, а потоа ја уценувал со него дека ќе го објави доколку ја прекине врската.

Видеото го снимил В.С. (28 години) во јули без знаење на девојката, и покрај тоа што ѝ се заканувал дека ќе го објави на социјалните мрежи, ѝ се заканувал и дека ќе настрада и нејзиниот внук. Во септември имало кратка расправија меѓу двајцата, па струмичанецот го објавил снимениот материјал.

Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.

Инаку пријавениот минува во евиденциите на МВР како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и насилниот криминал. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.