-->
-->
Строга изолација за мигрантите сместени во Белград
-->

Србија воведува строга изолација за мигрантите во прифатниот центар во Белград.
Српските власти соопштија дека мигрантите сместени во прифатниот центар во Белград ќе треба да имаат специјална дозвола за напуштање на центарот и ќе мора да се вратат до 22 часот.
Ограничувањата се воведени откако една жена се пожали дека била нападната во градот Обреновац додека се шетала со своите три деца. Таа тврди дека мигрантите сакале да и го земат бебето кое било во количка.
Полицијата соопштија дека го истражува случајот.
Во центарот се сместени околу 550 мигранти. Не е познато дали ограничувањата ќе важат и за другите мигрантски кампови во Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
