Бизарно но вистинито
26. August 2015 - 16:17

СТРАШНО: Голема дупка проголта луѓе додека чекаа на станица!

Застрашувачка снимка која ја направила безбедносната камера покажува момент во кој луѓето кои чекале автобус во Хеилиоџијанг провинцијата пропаднаа во дупка која се отвори.

Една жена останала заглавена од челичната арматура под површината од асфалтот.

Снимката прикажува и група на минувачи кои пробуваат да ги спасат луѓето кои пропаднаа во дупката.

по неколку минути успеале да ги извлечат.

Дупката била длабока два метри и завземала површина од 10 квадратни метри

Четири особи завршиле во болница со лесни повреди, а причината за отварање на земјата уште не е познат.