Стопанска комора: Да се расчисти и врати во функција обиколницата над Битола

Решавање на функционалноста на регионалниот пат Прилеп - Ресен, односно на обиколницата над Битола, бараат компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија.
Претседателите на здруженијата, асоцијациите и групациите при Комората на вчерашната работна средба во Охрид едногласно одлучија да упатат апел за решавање на ова прашање со предупредување дека обиколницата е претворена во депонија, а активно е и свлечиштето.
- Лошата слика која е создадена од расфрланиот смет, како и активното свлечиште кое доведува до одрони на патот, претставува проблем и опасност за нормално одвивање на патничкиот и товарниот сообраќај, за што е неопходно да се најде итно решение со кое оваа обиколница ќе се врати во функција, наведува Стопанската комора во соопштението.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
