Стогодишнина од првата електрична светилка во Охрид

Со пригодна свеченост во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ денеска во Охрид ќе биде одбележана стогодишнината од поставувањето на првата електрична светилка во овој град од страна на тогашната австриска војска.
По повод јубилејот кај Градското пристаниште ќе биде откриено пригодно обележје, а кус историски час по повод настанот ќе одржи Никола Митровиќ од Историскиот архив во Охрид.
Професорот Зоран Тунтев во врска со настанот појасни дека при претрага во депото на Историскиот архив во Охрид во потрага по стари фотографии наменети за пригодна изложба по повод 8-ми декември – празникот Свети Климент - патрон на градот, наишол до податок дека пред точно сто години, во 1916 година на Градското пристаниште во Охрид бил поставен првиот електричен фенер, од страна на Австриската војска за што постои и фотографија. Тоа го инспирираше Лајонс клубот „Лихнидос“ да покрене иницијатива на истото место да се подигне фенер и соодветно да се означи со пригодна плоча на македонски и германски јазик, вели Тунтев.
На свеченоста најавено е присуство на амбасадорката на Австрија во Република Македонија Ренате Коблер и на претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер.
Ново на Сител
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
