Фудбал
26. December 2017 - 11:55

Статистичари: Меси се „шеташе“ на Бернабеу

Барселона убедливо го победи Реал на гостувањето во Мадрид со 3-0 а клучна фигура на мечот беше Лионел Меси кој според статистичарите повеќе шетал по теренот отколку што трчал. 

Според анализите на шпанските медиуми, Меси буквално се шетал на теренот во Мадрид. Во 83 отсто од времето се движел бавно, додека во 10 отсто лесно трчкарал. Во 4,85 отсто од времето бил во брз ритам, а само 1,15 отсто ги поминал во полн спринт кога и трчал со брзина од 33,5 километри на час.  Шетал или трчал Аргентинецот постигна гол и имаше успешна асистенција кон Видал.