Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал

Со натпреварот меѓу Канада и Мароко вечерва започнува осминафиналната фаза на Светското фудбалско првенство, додека вториот четвртфиналист ќе биде познат по пресметката меѓу Франција и Парагвај.
Канада, еден од трите домаќини на Светското првенство, беше првата што стигна до осминафиналето. Во Лос Анџелес, ја победи Јужна Африка со 1-0 во судиското продолжение. Голот го постигна Стефан Еустакио, со што Канада прв пат во својата историја се пласираше во осминафиналето.
Од друга страна, Мароко, по подобро изведување пенали против Холандија, стигна до осминафиналето и победи со 3-2.
Натпреварот на стадионот во Хјустон, закажан со почеток во 19 часот по средноевропско време, ќе биде трет меѓусебен дуел меѓу овие две репрезентации, а Мароко победи во претходните два натпревари. На последното Светско првенсто во Катар во 2022 година, Мароко во групната фаза ја совлада Канада со 2-1.
Вториот осминафинален натпревар од денешната програма ја носи пресметката меѓу Франција и Парагвај, на стадионот во Филаделфија со почеток во 23 часот.
Во шеснаесетфиналето, Французите рутински ја победија Шведска со 3-0, додека Парагвај го приреди најголемото изнајдување и ја елиминираше Германија на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел и по двете продолженија заврши 1-1.
Франција и Парагвај досега имаат одиграни три меѓусебни дуели, но вечерашниот ќе биде прв официјален. Во два од трите пријателски натпревари, Парагвај ремизираше со Франција, а еднаш загуби убедливо со 5-0.
Осминафинални двојки на СП 2026:
Канада – Мароко (4 јули, Хјустон, 19 часот)
Франција – Парагвај (4 јули, Филаделфија, 23 часот)
Бразил – Норвешка (5 јули, Њу Џерси, 22 часот)
Мексико – Англија (6 јули, Мексико Сити, 02 часот)
Португалија – Шпанија (6 јули, Арлингтон, 21 часот)
САД – Белгија (7 јули, Сиетл, 02 часот)
Аргентина – Египет (7 јули, Атланта, 18 часот)
Швајцарија – Колумбија (7 јули, Ванкувер, 22 часот).
МИА
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
