-->
-->
Стартува фјучрсот во Скопје
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски немаше среќа и на фјучрсот што утре почнува во Скопје за ривал го доби првиот носител Данило Петровиќ (349.место АТП листа). Во меѓусебните дуели скорот е 4-0 за Петровиќ.
Покрај Јотовски во главниот турнир играат уште четири македонски играчи кои настапуваат со вајлд карта, но и тие немаа многу среќа. Стефан Мицов ќе игра против Французинот Александар Милер (носител број 6), додека Шендрит Деари ќе игра против Лени Хампел од Австрија (носител број 8). Горазд Србљак ќе игра против Саси Кумар Мукунд од Индија, а Бесир Дургути против Кристијан Месарош од Хрватска.
Во конкуренција на двојки ќе настапат три македонски двојки (сите со вајлд карти): Шендрит Дераи - Горазд Србљак, Бесир Дургути - Данил Зеленков и Предраг Русевски – Лазар Магдинчев, додека Јотовски со Александар Лазов од Бугарија се рангирани како четврти носители.
Мечевите се играат на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“. Мечевите утре почнуваат од 10 часот, а од македонските тенисери во сингл ќе настапат Мицов и Деари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
