Стартен пораз на македонските кошаркарки во евроквалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27).
Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки три поени (42-45) во 28 минута.
Најефикасна во македонските редови беше Анџелика Митрашиновиќ со 17 кошеви, а поен помалку постигна натурализираната Американка Мерит Хемпе.
Во воведниот натпревар во рамки на квалификациската група Ц, Србија со убедливи 82-40 ја совлада Украина.
Македонските кошаркарки во второто коло, кое е на програмата в недела, ќе играат против Србија на домашен терен.
Ново на Сител
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
