ССМ со улични блокади го продолжи генералниот штрајк
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска го продолжи генералниот штајк со блокада на крстоницата во населбата Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16 Македонска бригада“. Блокадата траеше од 7 до 10 часот, а беа пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.
Претседателот на ССМ Дарко Димовсски изјави дека ќе опстојат на барањето за итно линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник.
– Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската и нафтената криза. Централната и локалната власт да издејствуваат веднаш зголемување на платите, апелира Димовски.
Тој истакна дека работниците во државава поради кризата не смеат да чекаат уште долго за да се остварат нивните барања.
-ДенескаСојузот на синдикати на Македонија покажа дека одлучно стои на нивните барања кои во моментот се неопходни, а потоа и солидарни, зборувам за 2.806 денари одма од први јули, како и враќање на регресот, изгубеното право во јавниот сектор, од 30 до 100 проценти од просечната плата. Им се извинуваме на граѓаните, меѓутоа ова што денеска го правиме е навистина неопходно бидејќи знаеме дека се најавува нова цена на струјата, ценовните шокови по продавнците се исти, енергетска криза, нафтена…, изјави Димовски.

Упати апел до централната и локалната власт да го прифатат барањето за линеарно солидно зголемување на платите и да „постапат веднаш“.
И натаму останува во сила одлуката за генерален штрајк, вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места, но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.
ССМ најави дека штрајкот ќе продолжи и со други форми на синдикален притисок, а незадоволството на работниците ќе го изразат и на улица.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
