-->
-->
Средба Османи - Маасикас
-->

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе се сретне со заменик-министерот за надворешни работи на Естонија Мати Маасикас.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија и политиката на проширувањето, како и евроинтегративниот процес на Република Македонија.
Естонскиот заменик министер денеска ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, како и со нејзините членови.
Вчера, Маасикас имаше средба и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
