Средба на српската амбасадорка во земјава со кумановскиот градоначалник Димитриевски
Амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ денеска ја посети општина Куманово и оставри средба со градоначалникот Максим Димитриевски, информираа денеска од Општината.
Ова е прва официјална средба на Димитриевски со амбасадорката Јовановиќ. На средбата, соговорниците разговарале за досегашната успешна соработка, но и за идни проекти од повеќе области.
– На средбата беше изразено обостраното задоволство од досегашната успешна соработка, која донесе долгогодишни значајни резултати. Беше истакната волјата за одржување на пријателството преку соодветни решенија, кои ќе донесат високо ниво на реализација на бројни проекти. Согласно изградената добра основа, преку вложени напори за унапредување на коректните односи и продлабочување на плодната соработка, се очекува спроведување на проекти во повеќе општествени области, вели Димитриевски.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
